Ќе се градат нови 80 мали хидроцентрали

Bez autora
Feb 06 2014

Осумдесет мали хидроелектрични централи се понудени во шестиот јавен повик за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија што Владата го објави на почетокот на месецов. Потенцијалните инвеститори можат да изберат да изградат дел од 48 централи кои се групирани во 16 групи, што значи дека еден инвеститор ќе треба да гради од две до четири хидроцентрали, или пак, од 32 централи кои се поединечно понудени. Во петте предходни јавни повици за изградба на мали хидроцентрали потпишани се 67 договори, а целосно се изградени 14 мали хидроелектрани. Најновиот повик, како што објасни вчера вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, содржи извесни олеснувања за инвеститорите.

Ќе се градат нови 80 мали хидроцентралиОсумдесет мали хидроелектрични централи се понудени во шестиот јавен повик за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија што Владата го објави на почетокот на месецов.

Потенцијалните инвеститори можат да изберат да изградат дел од 48 централи кои се групирани во 16 групи, што значи дека еден инвеститор ќе треба да гради од две до четири хидроцентрали, или пак, од 32 централи кои се поединечно понудени. Во петте предходни јавни повици за изградба на мали хидроцентрали потпишани се 67 договори, а целосно се изградени 14 мали хидроелектрани.

Најновиот повик, како што објасни вчера вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, содржи извесни олеснувања за инвеститорите.

„Со промената на концептот на фидинг тарифи се предлага модел со блок тарифа во зависност од инсталираната моќност на хидроелектричната централа. Централите ќе бидат групирани во неколку групи и може да се очекува кај помалите централи со моќност до 1,5 мегавати фидинг тарифата да се зголеми од 4 до 6 проценти, додека каја некои кои се над 2 мегавати можно е и нејзино намалување“, појасни Пешевски. Тој објасни дека се направени се измени на мрежните правила на ЕВН со кои нив е предвидена посебна глава за приклучок на малите централи во дистрибутивната мрежа, а намален е и трошокот за приклучување на мрежата.

Министерот за животна средина Абдилаќим Адеми нагласи дека изградбата на малите хидроцентрали ќе значи подобрување на животната средина, намалување на климатските промени и зголемување на процентот на искористување на обновливте извори на енергија.

Периодот на концесија на новите 80 мали хидроцентрали е 23 години од кои три за изградба и 20 концесија за искористување на водата. Право на учество на повикот имаат сите домашни и странски правни лица кои ќе ги исполнат бараните услови. Доколку се изградат сите предивени 80 мали хидроцентрали вкупната инвестиција се предвидува да изнесува 170 милиони евра, а нивната инсталирана моќ да биде 63 мегавати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik